Една стара поговорка на Балканот вели „Да се роди живо, здраво и машко дете“. На хартија, Црна Гора можеби е во водство, но секако и ние останатите не сме „невини“ во практикувањето на оваа застарена приказна, пишува магазинот Сити.
Затоа во Црна Гора ја започнаа кампањата „Нека се роди здраво и нека биде женско“ со која се обидуваат да ја тргнат стигмата што ја носат идните мајки на женски деца во 21 век. Секако, сето ова звучи многу бизарно, со оглед на тоа дека е 2023 година, но целата приказна е многу реална, пишува магазинот City.
Ова видео веднаш крена прашина на социјалните мрежи.
Prvi spot u 🇲🇪 za kampanju "Neka se rodi zdravo i neka bude žensko!" 🔻 pic.twitter.com/SWn7OQRCPu
— Nata 🍒 (@igra_prestola) August 18, 2023
Во промотивното видео можете да видите трудница која додека оди е критикувана дека носи женско дете. Кампањата ја спроведува невладината организација „Полигон за женска извонредност – Софија“.
„Страшно ми е што имаме кампања за ова“, „Тоа е силна порака за девојките – шокирана сум што се уште е така“; „Знам дека податоците ми се контрадикторни, но многу ми е тешко да знам дека ни е потребна оваа кампања“ – ова се само дел од коментарите на зачудените луѓе.
Некои ја допреа и темата дека самата акција не е фер кон децата кои не се здрави. Како што напиша еден коментатор – „НО – „нека се роди здрав“ не е ок. Нема шанси!! Во ред е да се посакува среќа – а и децата кои не се 100% здрави се среќа“.