Балкан

ВИДЕО: Солзите на Новак кои ќе го обиколат светот – го скршија емоциите по освојувањето на историската титула

ВИДЕО: Солзите на Новак кои ќе го обиколат светот – го скршија емоциите по освојувањето на историската титула

Со победата од 3:0 (7:6, 6:3, 7:5) над Каспер Рудо, Новак Ѓоковиќ влезе во историјата на светскиот тенис и постави еден од рекордите кој тешко дека некогаш ќе биде надминат, бидејќи ја освои титулата за 23. пат на Грен слем турнир.

На тој начин го престигна Рафаел Надал, кој триумфираше 22 пати на Грен слем турнирите.

Откако го освои последниот поен, Новак легна на теренот, а кога најде сила да стане, отиде до столот, седна и не можеше повеќе да издржи, па се покри со крпа и почна да плаче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни