Свет

ВИДЕО: Спасија мечка отруена со мед во Турција

ВИДЕО: Спасија мечка отруена со мед во Турција

Во Турција спасена е мала мечка откако била отруена со мед, објави The Guardian.

Мечката била забележана дезориентирана во шумата во северозападната провинција Дузчеи и заробена од еколозите. Кога го ставиле во приколката на нивниот теренец, малиот почнал да му покажува кон стомакот.

Малку подоцна, ветеринарите откриле дека мечката била опиена со таканаречениот „луд мед“ – вид на мед произведен од рододендрон, кој има халуциноген ефект.

Мечката се лекува и наскоро ќе биде пуштена на слобода. Министерството за земјоделство ги повика луѓето на Твитер да предложат како да се крсти малото медено лаком.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни