ВИДЕО: Тони и тони угинати риби во грчкиот туристички град, прогласена вонредна состојба

Во пристанишниот град Волос, во централна Грција, беше прогласена вонредна состојба со цел да се исчистат последиците од загадувањето на морето предизвикано од тони угинати риби.

Генералниот секретар за цивилна заштита на Министерството за климатски кризи, Василис Папагеоргиу, посочи дека „во општина Волос во регионот на Тесалија е прогласена вонредна состојба за цивилна заштита, со цел да се одговори на итните потреби и да се управува со последиците од загадувањето на морето што се случи во Пагасетичкиот Залив“, пренесе државната новинска агенција АНА/МПА. Ова е втора еколошка катастрофа што го погоди Волос, 330 километри северно од Атина. Првата беше поплавата минатата година во регионот на Тесалија што го исполни блиското езеро кое беше исцедено во 1962 година за да се бори против маларијата, зголемувајќи ја на три пати поголема од нормалната големина. „По невремето Данијел и Елиас минатата есен, околу 20.000 хектари рамнини во Тесалија беа поплавени, а слатководните риби беа транспортирани по реки до морето“, објасни Димитрис Клаудатос, професор по земјоделство и животна средина на Универзитетот во Тесалија. Оттогаш, водата во езерото значително опадна, што ги доведе слатководните риби до пристаништето Волос, потоа до Пагасетичкиот Залив и Егејското Море, каде што не можат да преживеат. Само во вторникот властите извадија 57 тони угинати риби од плажите кај Волос. Според локалното здружение на ресторани, бројот на туристи е намален за речиси 80 отсто од минатогодишните поплави.

„Ситуацијата со оваа мртва риба ќе не убие“, изјави Стефанос Стефану, претседател на здружението. „Кој ќе дојде во нашиот град после ова?