Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Свет

ВИДЕО Тресење на земја и експлозии ги разбудиле граѓаните: Полицијата веднаш подигна хеликоптери

ВИДЕО Тресење на земја и експлозии ги разбудиле граѓаните: Полицијата веднаш подигна хеликоптери

Полицијата ги истражува околностите откако силна бучава и тресење на земјата ги разбудија Њујорчани во вторникот наутро.

Извештаите за експлозии и тресење на земјата ги кренаа нозете на њујоршките полицајци и пожарникари кои беа повикани на адресата на главната улица 580, во Менхетен, Њујорк, во вторникот околу шест часот наутро.

Наводните експлозии предизвикале прекин на електричната енергија, а според Си-Би-Ес, биле подигнати хеликоптери за да се провери ситуацијата од воздух.

Граѓаните решиле да повикаат полиција и пожарникари откако ги разбудила силна бучава и почувствувале како се тресе зградата.

Како што дознава Индипендент, њујоршката полиција верува дека трансформаторот го предизвикал инцидентот.

Поради настанатата ситуација сообраќајот се одвива отежнато, а засега нема информации за повредени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни