ВИДЕО Цивилен полицаец изненади крадец кој крадеше од продавница

Безбедносна камера снимила крадец како се обидува да земе корпа со производи од продавница, но бил запрен од полицаец во цивилка.

Видео од полицаец во цивилка кој шокираше многумина со својата необична реакција стана вирално на социјалните мрежи.

Во продавница во Окленд, Нов Зеланд, безбедносна камера го снимила моментот кога непознато лице се обидело да избега со корпа со намирници. За негова несреќа, полицаец кој случајно застанал да купи нешто на пат кон работа влегол во продавницата токму во тој момент, пишува Дневник.хр.

Полицискиот службеник веднаш го забележал непознатиот и, кога се сретнале на влезот, вешто ја одзел корпата со украдена стока и ја вратил во продавницата.

Изненадениот крадец останал замрзнат на место и не знаел како да реагира. Видеото од необичниот, но во исто време и смешен момент брзо стана хит на социјалните мрежи.