Австрија и Германија се соочени со големо снежно невреме , а алармот поради заканите од лавини е на највисок , петти степен.
Илјадници жители се без струја или заробени во домовите пред снежната прекривка која расте од час во час.
Се предвидува дека снежните врнежи нема да запрат до понеделник , а со тоа и проблемите на жителите од областите Баварија , Штаерска, Тирол и Салцбург.
Во 11 часот во градот Марктшеленберг дојде до лавина , поради што е прогласена вонредна состојба.
Се очекуваат нови три метри снег , иако дежурните служби веќе се преморени од деноноќното интервенирање. Откажан е и женскиот натпревар во скијање , што во сабота и недела требаше да се одржи во австрискиот ски центар Сент Антон.
Наносите на нов снег предизвикаа кинење на електричните далноводи , уривање на куќи и застој на патиштата.
At least three people have died and four are still missing after heavy snow hit Austria over the weekend. pic.twitter.com/cuSBRyaNi9
— ANews (@anewscomtr) January 9, 2019