Основното јавно обвинителство во Ниш вчера му одредило мерка притвор на познатиот српски актер и режисер Драган Бјелогрлиќ во рок од 48 часа, откако рано утрината, околу 4 часот, извршил физички напад врз колегата режисер Предраг Гага Антонијевиќ.
„Бјелогрлиќ е обвинет за насилно однесување и утре ќе биде сослушан“, соопшти обвинителство.
Видеото од безбедносните камери на хотелот „Амбасадор“ покажува како Бјелогрлиќ му приоѓа на Антонијевиќ, кој седел на маса со уште неколку лица, и повеќе пати го удира по главата.
