ВИДЕО Урнебесна реклама за прозорци за која зборува цел Балкан: „Ова лесно може да се реши“

Овие денови на социјалната мрежа тикток се појави видео односно реклама на компанија од Србија која произведува алуминиумска и ПВЦ столарија. Само за 4 дена собра над 1.6 милиони прегледи.

Рекламата прикажува жена која изгледа како да му вика на сопругот од под прозорецот, а потоа се појавува вработен во споменатата компанија со решение. Многумина ги освои тоа што се работи за реклама за која не биле ангажирани актери, а притоа е одлично реализирана.

Додека го затвора прозорецот, гласот на жената се стишува, а вработениот вели: „Ова лесно може да се реши, дихтувањето е многу важно – столарија Станишиќ“.

Коментарите се бројни и многу позитивни.

„Маркетинг волшебници“, „Не разговарам со сопругата поради оваа реклама“, „Совршен маркетинг“, „Одглуми премногу добро“, се само дел од реакциите на видеото кое ги насмеа сите.

@alu.i.pvc.stolarij

Dihtovanje je jako bitno!

♬ original sound – Alu i pvc stolarija Stanisic

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното