ВИДЕО Ужас: Автомобил со полна брзина удри во група луѓе на собирот за жртвите од Нови Сад

Денеска на улицата „Узун Мирков“ во Белград, за време на петнаесетминутната кампања „Стоп за Србија“, во која граѓаните им оддадоа почит на жртвите во Нови Сад, се случи инцидент.

Автомобил удрил во група луѓе кои учествувале во акцијата додека стоеле на пешачкиот премин. Возилото го управувал маж на 60-годишна возраст, кој со полн гас соборил шест лица, велат очевидци на настанот.

Се вчитува...

Повредените веднаш биле пренесени во болница.

„Стоевме на пешачки премин. Од правец на Студентскиот плоштад дојде возило управувано од постар човек. Тој инсистираше еден човек да се помести за да може да сврти десно. Меѓутоа, бидејќи не можеше да помине, удри во неколку лица кои стоеја таму. Тогаш луѓето почнаа да му викаат: „Застани, каде одиш? Ги газите луѓето на пешачки премин“, изјави сведокот Н.Б.

Сведокот рече дека мажот наместо да го запре возилото, уште посилно притиснал гас и прегазил 6 лица.

Меѓу нив беа и музичарите на Белградската филхармонија. За време на инцидентот повредени се колегите на музичарот Игор Ранковиќ, кои за Нова.рс раскажале што се случило.

„Одлучивме во 11:50 часот да ја искористиме паузата за да им овозможиме на луѓето, кои сакаат, да им оддадат почит на жртвите од несреќата во Нови Сад. Од правец на Студентски плоштад, улицата што оди до Етнографскиот музеј, Дојде црна Тојота и застана. Човекот рече да побрзаме. Четворица колеги се повредени, а потоа однесени во Ургентен центар. Не застана. Помина на црвено и побегна“, изјави Ранковиќ.