AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

(ВИДЕО) „ВМРО-ДПМНЕ се како филмот „Ко то тамо пева“, место вози Мишко – кочи Мицко“

„Наместо вози Мишко, од Будимпешта викаат кочи Мицко“, вака лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва се шегуваше од Битола.

Тој актуелната состојба во ВМРО-ДПМНЕ ја спореди со филмот „Ко то тамо пева“ и сцената каде што во автобусот е репликата „Вози Мишко“. Наместо ова, Заев рече дека од Будимпешта велат „Кочи Мицко“.

Инаку вечерва изборниот караван СДСМ го започна од Битола, каде што партијата досегашната градоначалничка од нивните редови ја заменува со Христо Кондовски.