Македонија

ВИДЕО Во Штекли пукано на ескалатор додека со пријател се враќале од фитнес

ВИДЕО Во Штекли пукано на ескалатор додека со пријател се враќале од фитнес

Раде Штекли и неговиот пријател чии иницијали ексклузивно ги дознава 4NEWS.mk Д.Т биле на фитнес во познат центар во Ист Гејт. Симнувајќи се кон гаражите на трговскиот центар се случил инцидентот.

Од снимката која беше испратена до медиумите, може да се забележи како едно лице во бел блузон го следи Штекли, откако започнуваат да се симнуваат по ескалаторот, поминуваат и случајни минувачи, а тогаш ладнокрвниот убиец тргнува кон нив и стрела. Случајните минувачи бегаат на различни страни.

По пукањето, егзекуторот бега во спротивен правец и поминува точно под безбедносната камера од која се објавени снимките на профилот на Курир на социјалната мрежа X (порано Twitter). Тогаш го враќа пиштолот во џебот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни