Пожар избувна во грчката населба Микотребес, што доведе до серија експлозии во складиште за муниција на воздухопловните сили недалеку од градот Неа Анкиалос во грчкиот регион Тесалија во централниот дел на земјата.
Според очевидци, експлозиите се слушале и до Волос, јавува грчката ЕРТ, а драматичниот момент е снимен во програма во живо.
Грчката армија соопшти дека магацинот се наоѓа на околу шест километри северно од воздухопловната база, која била однапред евакуирана. Нема информации за повредени, а превентивно на населението во околните населени места е наредена евакуација, пренесува АП.
Граѓаните се евакуираат со чамци
Пожарот, како што соопштија од противпожарната бригада, го загрозува пристаништето на реонот, додека стравот кај граѓаните го зголемуваат повторените експлозии кои се слушаат од магацинот на 111-то борбено крило на Военото воздухопловство.
Службениците на крајбрежната стража презедоа качување на граѓани на приватни чамци, кои во овој момент се собраа во пристаништето. Граѓаните се носат на пребројување во Капетанијата на пристаништата Волос, а потоа во центарот на Волос.
Вкупно пет лица загинаа во пожарите низ Грција, кои се поттикнати од силните ветрови и температурите над 40 степени Целзиусови.
Η στιγμή της έκρηξης στην Νέα Αγχίαλο. 😮😮#βολος #φωτιες pic.twitter.com/9riqbYVlLc
— Nik_Mp 😎 (@4r7qjp1C2S4EQZV) July 27, 2023
Пожарот во областа Магнезија во Грција гори со денови и покрај титанските напори што се прават за локализирање на пожарот кој вчера избувна во Велестина и однесе животи на две лица. Моментално најопасно е во Волос, каде што заминаа и пожарникари од Србија.
Округот се наоѓа на периферијата на Тесалија во централниот дел на Грција. Борбата со пламените јазици е насочена кон крајбрежната област кон Неа Анкијалос, каде од рано утрото покрај копнените сили оперираат три авиони и еден хеликоптер, пишува грчкиот портал Protothema.gr.