Балкан

(ВИДЕО) Возач под дејство на наркотици удрил полицаец на мотор во Нови Сад

(ВИДЕО) Возач под дејство на наркотици удрил полицаец на мотор во Нови Сад

Сообраќаен полицаец денес во Нови Сад се здобил со тешки телесни повреди откако во неговиот службен мотор удрил автомобил управуван од Д. Ш, за кој било утврдено дека бил под дејство на кокаин.

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад го уапсија Д.Ш. (1979) од Врбас поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај, соопшти Српското МВР.

Тој е осомничен дека со автомобил „тојота“ удрил во службениот мотоцикл на сообраќаен полицаец на раскрсницата на булеварот „Краља Петар“ и улицата „Краљевица Марко“ во Нови Сад, при што му нанел тешки телесни повреди.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни