Македонија

ВИДЕО Возачот на Палчо донесен во Кривичен, проговори пред медиумите…

ВИДЕО Возачот на Палчо донесен во Кривичен, проговори пред медиумите…

Стефан Димковски беше донесен во Кривичниот суд во комбилизон и со нова фризура. На новинарско прашање од порталот Скопје 1, дали чуствува вина и дали повторно би го возел Палчо, тој рече дека го возел на медицински прегледи.

Според обвинителството му помогнал на Палевски да не биде открирен за грабнувањето и убиствата  на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, обезбедувајќи му превоз со автомобил.

-Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило „Ланд Ровер“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград.

Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина.

Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р.Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција.

Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран“, соопштуваат од ОЈО.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни