Магазин

ВИДЕО ЗА НЕВЕРУВАЊЕ: Мечка влегла во градината на ресторанот, и го изела јадењето на жената која ручала, па и удрила шлаканица!

ВИДЕО ЗА НЕВЕРУВАЊЕ: Мечка влегла во градината на ресторанот, и го изела јадењето на жената која ручала, па и удрила шлаканица!

Во градината на хотелот Чипинке, во мексиканскиот град Сан Педро Гарза Гарсија, снимена е сцена за неверување.

На неименуваната жена на ручек и се „придружила“ дива мечка, која ја изела храната од чинијата, а потоа и удрила шлаканица!

На почетокот, ѕверот непоканет се гостува со храна, додека жената неподвижна седи на масата. До неа е маж кој исто така не се помрднува.

Штом мечката влегла во градината се појавиле вработени кои се обиделе да ја избркаат. Сепак, животното не било вознемирено. Таа продолжила да јаде, а потоа ненадејно и ја плеснала жената со шепата по лицето.

Таа потоа побегнала од ресторанот, додека гостинот останал мирен. Како што е познато, таа била неповредена, пренесува Дејли Меил.

На крајот на 2023 година, потсетуваме, пишувавме за инцидент во истиот град, кога црна мечка прекина семеен пикник.

Животното се фрлило на послужавниците со храна, додека мајката го штитела момчето, му го покрила лицето и скаменето ја гледала сцената.

Кога го наполни својот стомак, мечката замина во пустината.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни