ВИДЕО За прв пат во Македонија, по сообраќајна несреќа мобилен телефон испрати порака за итно спасување – како функционира?

За прв пат во Македонија, мобилен телефон испрати итна порака за спасување откако возач направил сообраќајна несреќа и излетал од патот. На бесплатниот единствен европски број 112, рано утрово пристигнала автоматска порака за спасување на англиски јазик.

Во пораката содржело и ГПС координати, па веднаш бил и лоциран, а подоцна и со друга пријава во МВР, несреќата била потврдена, а по интервенција на службите, возачот е спасен.

„Ова е редок пример за спасување лице кое не е можност да се јави, а мобилниот телефон автоматски испраќа порака за можна случена сообраќајна несреќа на 112“, велат од Центарот за управување со кризи.

Како што дознава 4NEWS.mk мобилниот телефон од кој е испратена пораката е Ајфон и ова е прв пат во Македонија било каков уред да испрати информацијата до 112.

Инаку станува збор за технологија која сега се имплементира со сите нови автомобили. eCall автоматски испраќа сигнали до 112 во случај на сериозна сообраќајна несреќа и ја соопштува локацијата на возилото за итни случаи. 112 стана единствен европски број за итни случаи во 1991 година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното