Балкан

ВИДЕО Загинаа 5 Албанци кои береле цреши во Грција – тешка сообраќајна несреќа

ВИДЕО Загинаа 5 Албанци кои береле цреши во Грција – тешка сообраќајна несреќа

Во тешка сообраќајна несреќа во Грција загинаа 5 Албанци, соопштија тамошните медиуми.

Се откриваат имињата на жртвите од вчерашната несреќа во Грција, каде што животот го загубија пет лица со албанско потекло.

Познато е дека жртвите се Бесим Мучај, Илир Дачи, Ергин Пепоши, Ардит Пепоши, Газмент Брахај.

Несреќата се случила на 87-от километар од магистралниот пат Фолорин-Селаник, при што под се уште неразјаснети околности возило директно се судрило со камион, при што животот го загубиле сите пет лица кои патувале во возилото.

Жртвите биле сезонски работници кои береле цреши во Грција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни