Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Балкан

ВИДЕО Запалени шаторите на Чациленд

ВИДЕО Запалени шаторите на Чациленд

Шаторите на „Чациленд“, импровизираниот камп на поддржувачите на Српската напредна партија во центарот на Белград, се запалени вечерва, по упадот на граѓаните кои ја славеа изборната победа на Студентската листа.

Неколку стотици граѓани влегле во шаторската населба во Пионирскиот парк кратко по 22 часот. Тие ја отстраниле оградата кон Домот на Народното собрание и влегле во оградениот простор, по што почнале да ги кинат шаторите, да кршат столови и да ги отстрануваат поставените слогани.

Во текот на настаните биле запалени и шатори во кампот, додека ситуацијата во центарот на српската престолнина ескалирала по прославата на поддржувачите на студентската листа.

Во близина на „Чациленд“ била распоредена жандармеријата во полна опрема за разбивање демонстрации, но според објавените информации, не интервенирала додека граѓаните влегувале во кампот. Поддржувачите на Српската напредна партија претходно биле евакуирани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни