ВИДЕО: Заспал на воланот, а еве како авто-пилотот му го спасил животот

Несекојдневна сцена е снимена со камера од мобилен телефон во Норвешка.

Имено, се работи за 24-годишен возач кој, под дејство на алкохол, возел модел на автомобил „Тесла“

Во текот на возењето возачот заспал, а токму системот на автомобилот тоа го препознал.

Па така авто-пилотот презел контрола и го сопрел возилото после влегувањето во тунел, пренесува „Електрек“.

Притоа на автомобилот автоматски биле активирани и предупредувачките сијалици, сите четири трепкачи, за останатите учесници во сообраќајот да бидат предупредени.