Свет

ВИДЕО Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја прекина прес-конференцијата на мексиканската претседателка

ВИДЕО Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја прекина прес-конференцијата на мексиканската претседателка

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер ја погоди денес јужната мексиканска држава Гереро.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од само 10 километри, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум објави на социјалната мрежа X дека по разговорот со гувернерот на погодената држава, нема извештаи за сериозни штети.

Таа потврди дека немало штети ниту во главниот град Мексико Сити. Во времето на земјотресот, претседателката Шајнбаум ја држела својата редовна утринска прес-конференција.

Откако се огласиле алармите за опасност, таа мирно го прекинала своето обраќање и се евакуирала заедно со присутните новинари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни