Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Чиле, околу 30 километри источно од градот Калама во северниот дел од земјата.
Земјотресот се случил на длабочина од 101 километар во пустината Атакама. Нема извештаи за повредени или причинета материјална штета.
„Заканата од цунами за брегот на Чиле е исклучена“, изјави Фелипе Плаза од националната агенција за спречување и управување со катастрофи во видео. Телевизиските снимки покажаа производи како паѓаат од полиците во супермаркет за време на земјотресот.
Според локалните медиуми, земјотресот бил почувствуван во регионите Арика, Тарапака, Антофагаста и Атакама, објави Американскиот геолошки завод, цитиран од агенцијата Франс-прес.
Чиле, каде што се среќаваат три тектонски плочи, е меѓу сеизмички најактивните земји во светот и често ги игнорира потресите под 7 степени. Во 1960 година, земјата беше потресена од најсилниот земјотрес некогаш регистриран, со магнитуда од 9,5 степени, кој ја разори Валдивија и одзеде 9.500 животи. Во 2010 година, земјотрес со магнитуда од 8,8 степени предизвика цунами во кое загинаа повеќе од 520 луѓе.