Живот

ВИДЕО: Зорица Марковиќ има нов хит!

Легендата на народната музика Зорица Марковиќ, заедно со пејачот Станко, објавија нова песна наречена „Зориче, Зоруле“, а целата композиција ја збогатија со фантастично видео снимено во улицата Кнез Михаилова во центарот на Белград.

Додека минувачите беа воодушевени од изведбата, Марковиќ, заедно со Станко и оркестарот, подготвија вистинско шоу за минувачите!

Tие двајца се појавуваат во спотот за новата песна како улични пејачи кои свират, и очигледно лудо се забавуваат.

Видеото завршува со громогласен аплауз од насобраната публика, која со ентузијазам го набудуваше снимањето на видеото за хитот во најавата!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни