Македонија

Викендов посебен сообраќаен режим и во Скопје

Викендов посебен сообраќаен режим и во Скопје

Поради изведување градежни работи утре и в недела ќе има изменет сообраќаен режим во Скопје, односно за сообраќај ќе биде затворена улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Како што информираат од МВР, оваа улица утре ќе биде затворена од 08:00 часот до завршување на градежните работи и в недела во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни