Свет

Вирална фотографија од Италијанец: „Роден под Мусолини, не сакам да умрам под Мелони“

Вирална фотографија од Италијанец: „Роден под Мусолини, не сакам да умрам под Мелони“

Според предизборните анкети објавени пред две недели, победата на десничарскиот сојуз на чело со партијата Браќа од Италија на Мелони изгледа многу сигурна.

Но, бидејќи забраната за спроведување и објавување анкети беше на сила во последните две недели, изненадувањата не се невозможни.

Денеска низ социјалните мрежи се прошири фотографија на постар Италијанец кој е против Мелони, која би можела да стане првата премиерка и да ја предводи најдесничарската италијанска влада од Втората светска војна, по Мусолини.

Фотографијата покажува човек на клупа со порака: „Роден сум кога владееше Мусолини, не сакам да умрам додека владее Мелони. Господ на сите да ни помогне“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни