Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс одржа „отворени и конструктивни разговори“ со руски претставници во Москва за олеснување на извозот на украинското жито од пристаништата на Црното Море, изјави синоќа портпаролот на ОН, цитиран од Ројтерс.
Грифитс во четвртокот и петокот се сретна со претставници на руското Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана, изјави портпаролот на ОН Стефан Дујарик.
По руската инвазија на Украина на 24 февруари, испораките на украинско жито од пристаништата на Црното Море беа практично запрени, а повеќе од 20 милиони тони жито беа блокирани во силоси.
Јасно кажавме што можеме, а што не можеме, изјави за Ројтерс постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја.
Не сме поставиле мини во крајбрежниот појас, тоа го направија Украинците. Ако ја деминираат областа, ние сме подготвени да обезбедиме безбедно поминување на бродовите со жито, рече тој.
На прашањето дали може да се постигне договор за деминирање, Небензија рече дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да разговара за ова прашање за време на посетата на Турција следната недела.
Посетата на Грифитс на Москва се случи неколку дена по посетата на високата претставничка на ОН Ребека Гринспен. По нејзината посета, беше објавено дека таа имала „конструктивни разговори“ во Москва.
