Македонија забележува висок скок на позитивни случаи.
За ова говори и вчерашниот биланс од Министерството за здравство, каде информираа дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје биле направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19.
Вкупно 60 се во Тетово, додека пак во главниот град се регистрирани 34 нови случаи.
Куманово и Битола по 8, Струмица, Кичево и Дебар по 5, Штип и Кочани по 4, Прилеп и Струга по 3, во Берово се регистрирани 2 нови, а во Охрид и Пехчево по 1.
Регистрирани сe и 18 оздравени пациенти, а пријавени се и три починати лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на пандемијата изнесува 156.707, бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.