Свет

Високи температури во Индија, недостиг на вода за луѓето и за животните

Високи температури во Индија, недостиг на вода за луѓето и за животните

Иако температурата во Њу Делхи денес беше нешто пониска од претходниот ден кога беше забележан рекордот на сите времиња – 52,9 степени Целзиусови, температурите во регионот сè уште се високи, околу 47 Целзиусови степени.

На животните им недостасува вода, а луѓето се мачат да стигнат до резервоарите за вода поради недостигот, а државните службеници го сменија работното време, објави Ројтерс.

Во Њу Делхи, кој има 20 милиони жители, вчера падна првата жртва на топлотниот бран, 40-годишен работник почина од топлотен удар, јавија локалните медиуми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни