Свет

Виталиј Кличко: Русија нема да ни го украде Божиќ

Виталиј Кличко: Русија нема да ни го украде Божиќ

Општинските власти од украинскиот главен град Киев ја запалија елката во центарот на градот и уверија дека нема да дозволат Русија да го „украде“ Божиќ од децата, пренесе Франс прес.

„Русите се обидуваат да ги лишат нашите граѓани од нормален живот, но ние нема да дозволиме да им ги украдат на нашите деца најсветлите празници – Нова Година и Божиќ“, рече градоначалникот Виталиј Кличко на палењето на елката. „Ја нарековме елка на украинската непобедливост“, додаде тој.

Вчерашниот ден во Киев започна со серија напади врз критичната инфраструктура. На неговиот крај, пак, во центарот на главниот град на Украина, покрај храмот Аја Софија, беше поставено вештачко дрво од 12 метри симболично украсено со гулаби на мирот.

Според традицијата, украинскиот народ го слави Божиќ на 7 јануари, но анкетите покажуваат дека уделот на оние кои претпочитаат да се смени датумот на 25 декември е зголемен од 26 отсто минатата година на 44 отсто.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни