Вицепремиерот за добро владеење се повлекува од функцијата
Потпретседателот на Владата, Арбен Фетаи, официјално поднесе оставка од својата функција во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. Како што дознава телевизија Телма, оваа одлука доаѓа по период од повеќе од два и пол месеци во кои Фетаи воопшто не се појавил на своето работно место.
Од владината прес-служба за Телма потврдија дека оставката е веќе доставена во текот на денешниот ден. Портпаролката на Владата, Марија Митева, изјави дека оставката на Фетаи ќе биде констатирана на првата следна владина седница.
Арбен Фетаи ја извршуваше функцијата вицепремиер задолжен за политики за добро владеење, но неговото подолго отсуство предизвика интерес во јавноста пред и официјално да биде објавено неговото повлекување.