Вицепремиерот на Обединетото Кралство, Доминик Рааб, запрашан околу тоа дали ќе се одржи нов прекин на огнот околу Мариупол, вели дека е многу скептичен за какво било уверување што го дава рускиот претседател.
Тој за Би-Би-Си изјави дека „почетниот гамбит на Путин пелтечи“ и дека вистинската стратегија за ОК е „да продолжи да ги притиска оние што ја финансираат воената машина на Путин“.
„Секој што мисли дека војната ќе се реши за денови „се залажува себеси“, додава тој.
Тој негираше дека Обединетото Кралство ги разочарува украинските бегалци, велејќи дека иако секогаш може да се подигне прашањето за тоа дали може да се направи повеќе, но Велика Британија дава 220 милиони фунти хуманитарна помош.
Британските државјани и секој што се населил во ОК може да ги донесе на безбедно од Украина потесното семејство, родителите, бабите и дедовците и браќата и сестрите.
Но, некои Украинци без „решен статус“ во ОК се жалат дека не можат да им помогнат на членовите на семејството, додека пак ЕУ на сите украински бегалци им дава право да живеат и работат во земјите членки три години.
Како што објавивме, бројот на луѓе кои бегаат од земјата сега достигна 1,5 милиони и се очекува да продолжи да расте.