Бројот на загинати во експлозијата на големопродажниот пазар „Сурмалу “ достигна шест . Ова во понеделникот го соопшти прес-секретарот на Министерството за вонредни ситуации на Ерменија, Ајк Костанјан.
„Спасувачите го извлекоа телото на уште едно лице од урнатините. Така вкупниот број на загинати достигна шест лица“, рече тој.
Во експлозијата што се случи во неделата попладне, 61 лице се хоспитализирани. Од нив 36 се во средно тешка состојба, а уште 17 лица се водат како исчезнати . Спасувачките операции се во тек, но пожарот се уште не е изгаснат.
Според првичните информации, експлозијата се случила во магацин за огномет и на крајот избувнал голем пожар кој ги зафатил и соседните згради.