Владата денеска ќе има затворена седница на која ќе го проследи предлогот до Собрание

Владата денеска во 11 часот ќе има затворена седница за јавноста на која нема да се одлучува за француската преговарачка рамка, само денес ќе го проследи тој предлог до Собрание, но без билатералниот Македонско-бугарски протокол, неофицијално дознава 4news.mk од владини извори.

Извори за медиумот велат Собранието ќе одлучи па ќе го врати во Влада која потоа ќе постапува по одлуката.