Македонија

Владата донесе одлука: Митлинеос од Грција е 8. стратешка инвестиција вредна 211 милиони евра

Владата донесе одлука: Митлинеос од Грција е 8. стратешка инвестиција вредна 211 милиони евра

МИТИЛИНЕОС ДООЕЛ Скопје, во целосна сопственост на МИТИЛИНЕОС С.А. од Грција е 8та одобрена стратешка инвестиција. Оваа одлука беше донесена на денешната Владина седница.

Вредноста на инвестицијата е 211 милиони евра и истата се состои од постројка за електрична енергија (со моќност 90-105 MW) и топлинска енергија (со моќност од 135-150 MW).

Годишното производство на електрична енергија се очекува да изнесува околу 1.150 GWh и околу 275 GWh топлинска енергија, кои ќе бидат испорачани во соодветните енергетски ситеми (МЕПСО и системот за пренос на топлина на Град Скопје).

„Само за споредба, предвиденото годишно производство на елекрична енергија од Митилинеос е скоро 1/8 од вкупните годишни потреби за домашната потрошувачка на електрична енергија (според годишниот извештај на РКЕ во 2020 година во домашниот eлектро дистрибутивен систем се испорачани 8.479 GWh електрична енергија). Што само ја потврдува нивната стратешка важност и заложбата на оваа Влада за зајакнување на изворите за производство на електрична енергија во земјава“, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни