Македонија

Владата дополнително ќе одлучи за евентуални санкции кон Русија

Македонија е на линија за постигнување сто проценти усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Европската унија во однос на пакетот санкции на ЕУ којшто се најавува против Русија, потврди владиниот портпарол Душко Арсовски. Нашата земја би понудила помош во случај на бегалски егзодус од Украина.

„Од таму Владата ќе понуди помош и во случај на ескалација во Украина. Сите напорни се во насока тоа да не се случи, денеска премиерот Ковачевски ќе има телефонски разговор со претседателот на украинскат влада Денис Шмигаљ, меѓу другото и ова ќе биде една од темите“, рече портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни