Свет
21,796,335
Вкупно активни случаи
Updated on 05/03/2021 13:42 13:42
Македонија
8,162
Вкупно активни случаи
Updated on 05/03/2021 13:42 13:42
Македонија
3,165
Вкупно починати
Updated on 05/03/2021 13:42 13:42
Македонија
93,942
Вкупно оздравени
Updated on 05/03/2021 13:42 13:42

Владата ги објави платите на премиерот и министрите: Заев, Спасовски и Шахпаска со најголеми плати – Филипче меѓу помалку платените

Владата на својата официјална веб-страница објави список со платите на премиерот, вицепремиерите и министрите за месец декември.

„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, наведуваат од Владата.

Највисока нето плата зема премиерот Зоран Заев. Таа вкупно изнесува 87 813 денари, од кои 8 973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.

Втор на списокот е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85 113 за кого се нагласува дека има покачување на платата од20%. Спасовски има работен стаж од 18 години.

Трета, според висината е министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со 74 273 денари нето плата од кои 9 303 се за минат труд. Шахпаска е и министерката која зад себе има најдолг работен стаж од 28 години.

Министерките за одбрана и култура, Радмила Шекеринска и Ирена Стефоска, според висината на платата, се следни. Шекеринска зема 72 989 денари, а Стефоска 72 670. Тие се на врвот на листата и според стажот, министерката за одбрана има 24 години, а министерката за култура 23.

Следни на листата се вицепремиерите за европски и економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, кои земаат идентична плата од 71 385 денари, а имаат и исти години на стаж – 19.

Првиот вицепремиер Артан Груби, пак, зема плата од 70 102 денари, а зад себе има 15 години работен стаж.

Останатите плати се движат од 68 до 70 000 денари.

Единствено под таа граница се двајцата министри за животна средина и за информатичко општество и администрација, Насер Нуредини и Јетон Шаќири, кои земаат најниски плати од 65 612 односно 65 292 денари. Кај министерот Шаќири, во графата не е наведено дека има работен стаж.

Целиот список погледнете го ОВДЕ.

НАШ ПРЕДЛОГ

Имунизацијата на населението ќе почне месецов

До крајот на годината, производителот „Фајзер“ во земјава ќе испорача 800.280 дози вакцини против Ковид- 19. Според надлежните, првите...

ССНМ и ЗНМ со целосна поддршка на својата членка Арбнора Мемети

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро реагираат на начинот на кој без...

Пукање во Скопје, убиени две млади момчиња

На 05.03.2021 во 02.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско - Косовска бригада“ се слушнало пукање.
Skopje
clear sky
16 ° C
16 °
16 °
27 %
1.5kmh
0 %
Fri
16 °
Sat
10 °
Sun
11 °
Mon
13 °
Tue
9 °