Македонија

Владата го назначи Османи за шеф на државната делегација за преговори со ЕУ

Владата на Република Северна Македонија на вонредна седница го значи министерот за надворешни работи Бујар Османи за шеф на државната делегација за преговори со ЕУ.

„Владата на денешната вонредна седница ја формираше новата структура на преговори со Европската Унија, при што бев избран на функцијата шеф на државната делегација за преговори, функција која ми овозможува да ги презентирам преговарачките позиции на Република Северна Македонија на меѓувладини конференции во Брисел. Нека ни е со среќа“, напиша Османи на својот фејсбук профил.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни