Владата инвестира 64 милиони евра за изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп. Во моментов интензивно се работи на двете фази од овој проект од приоритетно значење.
Првата фаза ја опфаќа делницата од Градско до Дреново, во должина од 15,5 км. Втората фаза е од Дреново до Фаришка клисура, во должина од 10 километри, Експресниот пат Градско – Прилеп е од големо значење за сите граѓани на Пелагонискиот регион.
Ќе се зголеми економски развој на овие општини, ќе се скрати времето на патување кон главниот град на земјава и ќе се зголеми безбедноста на граѓаните при патувањето на овој патен правец.