Македонија

Владата ја разгледа информацијата за акумулацијата „Паљурци“, ќе се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“

Владата ја разгледа информацијата за акумулацијата „Паљурци“, ќе се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 72-ра седница, на која беа разгледани повеќе точки од нејзината Програма за работа и од интерес на граѓаните, ја разгледа и усвои Информацијата за состојбата на Акумулацијата Паљурци, со задолжение Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ да обезбеди доток на вода во акумулацијата Паљурци до максималните можности на системот и тоа во траење согласно потребите за нормализирање на нивото на вода во акумулацијата.

Со дотурот на дополнителни количини вода ќе се обезбедат услови за наводнување на земјоделските површини и би се избегнале дополнителни штети за земјоделците од Општина Богданци и населените места Стојаково и Ѓавато.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни