Македонија

Владата ќе откупува македонско јаболко и ќе им го дава на учениците за ужинка

Владата ќе откупува македонско јаболко и ќе им го дава на учениците за ужинка

Владата на вчерашната седница ја усвои Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година.

Програмата е нова, се носи прв пат и ќе овозможи околу 186 000 ученици во 350 школи за ужина да добиваат домашни, македонски јаболка.

Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за реалзиација на Програмата се проектирани 20 милиони денари, средства кои се веќе обезбедени со ребалансот на Буџетот.

-Со Програмата се овозможува поддршка за откуп, дистрибуција и пакување јаболка од реколтата 2022, а целата откупена количина ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државните училишта најдоцна до 15 декември 2022. Со ова ги помагаме производителите на јаболка, но обезбедуваме и свежа и здрава ужина за нашите деца. Македонски, домашни јаболка за нашите деца, подвлече Николовски.

Министерот претходно кажа дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари преку Интервентниот фонд, покрај основните и дополнителните субвенции. Истакна и дека храна ќе има.

-Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. Обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, рече министерот за земјоделство Николовски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни