Владата може да се премисли околу ПЦР тестовите на граничните премини

Владата доцна вечерва објави соопштение во кое информира дека за Косово останува одлуката дека може да се патува без негативен ПЦР тест, но тоа само за итни и неодложни ситуации.

Се вчитува...

За останатите соседни земји во испратеното сооштение од Влада се пишува дека одлуката може да биде променета поради зголемениот број на позитивни случаи на коронавирис.

„Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест“, се вели во испратеното соопштение од Влада.

Граѓаните на Република Северна Македонија нема да можат да патуваат во Србија, Црна Горна и Босна и Херцеговина без приложување на негативен ПЦР тест, соопшти вечерва Владата.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест.

.

Извор: ТВ21