Бизнис

Владата предлага укинување на царините за увоз на стоки од САД

Владата предлага укинување на царините за увоз на стоки од САД

Владата на Северна Македонија на последната седница го усвои предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за царинска тарифа, кој предвидува целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД. Со тоа се предлага укинување на царинските стапки за сите стоки што се увезуваат од САД.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека САД се стратешки партнери на земјата, а Владата е посветена на продлабочување на партнерството базирано на заеднички интереси и вредности. Таа додаде дека приоритет е создавање поволно и предвидливо бизнис окружување за сите компании, како домашни, така и странски, со цел зајакнување на економијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни