Владата во портокалово за нулта толеранција за насилството врз жените

Вечерва зградата на Владата на Република Македонија беше обоена во портокалова боја, како знак за поддршка во борбата за насилството врз жените.

Фотографиите ги стави на својот „Фејсбук“ профил Премиерот Зоран Заев кој притоа напиша дека Владата цврсто стои за заложбата за нулта толеранција спрема секоја форма на насилство врз жените и девојките.

Извор: ТВ21