Владејачката „Српска напредна странка“ прогласи победа во поголемиот дел од општините каде што се гласаше на локалните избори во Србија. Опозицијата тврди дека може да формира власт во Ниш.
И додека владејачката СНС кажа дека гласањето минало во фер и демократска атмосфера, опозицијата обвинува дека изборниот процес минал со многу нерегуларности, од двојни избирачки списоци, до притисок врз гласачите и организирано гласање.
Опозицијата прогласи победа во Ниш.
„Од вечерва Ниш е слободен град, многу долго чекавме да дојде правдата и да ја победи неправдата, а радоста да ја победи тагата“, изјави д-р Драган Милиќ кој ја предводеше групата граѓани што осови најмногу гласови за опозицијата, и истакна дека нема да соработуваат со СНС.
Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ изјави дека партијата во декември во Белград освои 54 одборнички места, а сега се надеваат на 62 или 63. Општина Белград има 110 одборнички места, а за влаедачко мнозинство се потребни 56 места.
