Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Глигоров

Владина делегација што ја предводеше министерот за здравство Венко Филипче, во придружба на министерот задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните компании Зоран Шапуриќ, и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, положи свежо цвеќе на гробот на покојниот поранешен претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Како прв претседател на самостојна и независна Република Македонија, Глигоров имаше клучна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање.

Се вчитува...

Киро Глигоров почина на 1. јануари 2012 година на 95-годишна возраст.

Извор: ТВ21