Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да пристигне во Бугарија денеска нешто по 12 часот.
Тој патуваше со владиниот „Ербас“, кој денеска полета од Софија во 07:01 часот и слета во Кишињев во 7:59 часот.
Според протоколот, украинскиот претседател мора да се сретне со Радев
Времето на полетување назад во Бугарија постојано се менувало, но авионот полетал во 11:03 часот од аеродромот на главниот град на Молдавија, Кишињев. Ова го покажуваат податоците од сајтот flightradar24.com кој ги следи сите летови низ светот.
Летот од Кишињев до Софија се очекува да трае нешто повеќе од еден час.