Македонија

Владините веб-страници биле под сајбер-закана, МДТ тврди дека нема успешен напад

Владините веб-страници биле под сајбер-закана, МДТ тврди дека нема успешен напад

Министерството за дигитална трансформација соопшти дека веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени од критичните безбедносни ранливости во програмскиот јазик PHP, поради кои привремено биле исклучени бројни владини интернет-страници во Европа и светот.

Како превентивна мерка, привремено бил блокиран надворешниот веб-сообраќај кон засегнатите системи, со цел да се спречи евентуално искористување на безбедносните пропусти.

По блокирањето, надлежните служби извршиле проверки на софтверските верзии, инсталирале безбедносни закрпи и ажурирања, а дополнително биле проверени функционалноста и безбедноста на веб-сервисите.

Од Министерството објаснуваат дека преземените мерки имале цел да го намалат ризикот од неовластен пристап, извршување злонамерен код и евентуално преземање контрола врз владините веб-сервери.

„Според досегашните проверки, не се утврдени индикации за успешно искористување на наведените ранливости или за компромитирање на веб-страниците на Владата и министерствата“, соопшти Министерството за дигитална трансформација.

И покрај тоа што досегашните проверки не откриле успешен напад, надлежните продолжуваат со засилено следење на потенцијалните сајбер-закани.

Преку Секторот за сајбер-безбедност и владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, МКД-ГОВ-ЦСИРТ, се спроведува континуирана анализа на безбедносните настани, системските записи и можните индикатори за компромитирање на информациската инфраструктура.

Од Министерството нагласуваат дека заштитата на владината дигитална инфраструктура останува приор

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни