Власта и опозицијата со различни ставови за потребата за ребаланс и за тоа каде треба да се пренасочат средствата. Опозицијата со предлог во процесот на помирување, поради неспособност СДСМ да ги отстапи сите економски функции на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата со став дека не треба да се крати кај капиталните инвестиции, особено во образованието. И забележува на Власта што со ребалансот ќе се плаќаат, како што велат, кафеански сметки на градоначалниците и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, а ќе се казнуваат чесните општини.
„Ви останаа вишоци на пари луѓе. Пари кои што сте ги прибрале од даноци, сте им ги земале на луѓето парите, дошле во државмиот буџет и вие не знаете да ги употребите за економијата. И сега затоа се правите големи, дај да расчистиме со општините. Зошто?Затоа што немате идеја како да ги употребите парите. Година и пол сте на власт, ниту проект сте направиле ниту проект сте реализирале. Година и пол сте на власт луѓе. За тоа ги давате парите, лани исто направивте со стари долгови за Филхармонија, ве поддржавме се сеќавате. Се платија долгови за Филхармонија и за други објекти кои се дел од Скопје 2014, но ќе ги бранам до крај. За спомениците и ќе ви се согласам, но тие се помал дел“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
За мнозинствто не се проблем изградените објекти туку, како што велат, крадењето и нереалните цени.
„Се согласувам дека имало изградени објекти, МНР и ред други работи и тоа е во ред. Меѓутоа има една друга работа. Тоа е добро што се изградило, меѓутоа тој објект чинел на пример 10 милиони, а исплатени се 100 милиони. Тука е работата. Кражбата е проблем. Можеби тој објект чинел 100, а исплатено е 500“, вели Двтон Самка Ибраимовски, Партија за целосна еманципација на Ромите.
Ќе го поддржиме секое задолжување за инвестирање во економијата велат од опозицијата, но бараат да не се крати кај капиталните инвестиции кои за девет месеци биле реализирани со 27, 43%. Од владејачката партија со одговор дека старата власт имала и добри проекти, како легализацијата на дивоградбите евро за квадрат, но проблем е што со тоа меѓу другото се оставиле и долгови кај општините, кои немале средства и се задолжувале за да изградат улици, водоводи, канализација, осветлување.
Свето Николовски
