Министерката за правда, Рената Дескоска вели дека власта не настојува Катица Јанева да продолжи да чело на Специјалното јавно обвинителство.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, со став дека власта веќе ја сфатила неспособноста на Катица Јанева.
По неколку неуспешни средби меѓу власта и опозицијата, сега опозиционерите велат дека формирале три работни групи со експерти од разни области за да дадат свои предлози околу новиот текст на предлог-законот за Обвинителство, кој треба да ја дефинира судбината на СЈО. Министерката Дескоска, вели дека ќе ги земат предвид предлозите кои ќе придонесат за подобрување на текстот, но не и оние предлози кои содржат скриена амнестија.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ