Свет

Вложил 57 милиони евра во изградба на замок, а сега државата му наредува да го сруши

Франција е позната по изградба на многу историски објекти, а кога еден човек направил замок на јужното крајбрејже во земјата вредно 57 милиони евра, Судот наредил рушење на истиот, бидејќи бил изграден нелегално.

Станува збор за трговецот за недвижности Пјер Дитер кој е сопственик на објектот во близината на градот Грас во јужна Франција. Судот му даде рок од 18 месеци да го сруши, а му се заканува и казна од 200.000 евра, пренесува Си-Ен-Ен.

„Дитер е обвинет дека градел на заштитено подрачје без дозвола, адаптирајќи ја како куќа нешто што во минатото било замок“, се вели во известувањето на судот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни